Published: Jan 18 2024 09:33

Се продава луксузна куќа во Сопиште

EUR

Published: Jan 18 09:33
Views: 205
Се продава прекрасна куќа во Сопиште со поглед на Скопје.

На приземје се наоѓа голема дневна соба со трпезарија, кујна, купатило и гостинска соба. Кујната е изработена од масивно орево дрво со нови кујнски апарати. Дневната е со високи плафони и камин. Од дневната се излага на голема тераса.

На вториот спрат од куќата има две детски соби со детско купатило и тераса, спална соба со купатило, тераса и со walk-in плакар, и перална со простор за машина за перење и сушење. Ходникот на вториот спрат има галерија која гледа во дневната.

Третиот спрат е со голем отворен простор со гарнитура, камин и шанк, како и голема тераса со панорамски поглед на Скопје и купатило. На најгорниот спрат има целосно функционална, и скоро како нова сауна.

Куќата има голем подрумски простор комплетно среден каде што се наоѓа внатрешната единица за топлинската пумпа, како и полици и плакари за складирање. Греењето е со топлинска пумпа Даикин низ цела куќа со подно греење на долниот спрат и сите купатила, како и фенкоилери низ целата куќа. На самиот кров има соларни панели за загревање на вода.

Куќата е со голем двор (1518м2) ограден со камен и кована ограда, опремен со терен за фудбал, кош, базен 10м на 5м (има опција за филтрирање со солемнизатор т.е. солена вода или класично филтрирање) и фонтана. За тревната површина има автоматски систем за наводнување со прскачи кои користат вода од сопствен бунар. Исто така, има и две гаражни места со автоматски врати. Во куќата има инсталирано и алармен систем и видео надзор.

Куќата се наоѓа на мирна локација, со прекрасни изгрејсонца и чист воздух кога Скопје е енормно загадено.
if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade
205

Address:

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information