Company ad Published: May 09 2024 07:52

Продажба на семеен имот во Маврово

EUR

EUR
Published: May 09 07:52
Views: 668
Се продава семеен имот во Маврово, во месноста “Крстови 1“.
Станува збор за куќа со плац лоцирани во исклучителен природен амбиент веднаш над патот кој од браната води кон скијачкиот центар.
Парцелата е со површина од над 400м2, а станбениот објект 160м2.
Поставеноста на куќата е на блага коса површина на средниот дел од плацот, што овозможува целосна искористливост на дворното место. Воедно, севкупниот ентериер , со исклучок на едната спална соба на поткровјето, со своите широи стаклени површини, е ориентиран кон Мавровското Еверо, обезбедувајќи уникатен сликовит призор на спокојство и богатство од природни содржини
Ентериерот е распореден на три нивоа.
Првото е со површина од 40м2 тука е вграден систем на подно греење. се состои салон пространа мебел-гарнитура која се претвора во спална, потоа комплетна кујна, една бања и помошни простории, од кои во едната се сместени контролата на водоводот и електричната енергија.
Од салонот се излегува на трем (тераса ) од сите три страни отворен кон надворешниот амбиент.
Горните две нивоа се посебен станбен простор со надворешен пристап и се состојат од салон со пространа тераса, кујна,бања, и внатрешни дрвени скали кои водат до поткровје со две спални соби и балкон.
Објектот е проектиран и граден според највисоки архитектонски и градежни стандарди, со примена на материјали од вонстандарден квалитет. Термички е максимално изолиран. Водоводната инсталација е поставена со целосна заштита од замрзнување. Слични особини поседува и електричната мрежа со внимателна рамномерна трофазна распореденост на оптеретувањето. Паралелно, сите простории се покриени со комплутерска мрежа со највисок искористлив потенцијал .
Под првото станбено ниво, во линија на асфалтниот пат и влезниот дел на плацот е изграден станбен простор од 40м2. Има пристап низ двокрилна метална врата и актуелно е употребен како гаража за две возила, помошен простор за скијачка и останата рекреативна опрема и слично, иако по потреба може да се пренамени во дополнителен станбен простор.
Објектот е безбедносно целосно регулиран и користи далечинска “смарт“ контрола на основните функции.
Контакт – 075228550, Јован ( Биро за посредување )
Link description

Јован

Lokus dooel
Visit our store page

ул.Осло бр.2 Show on the map

075228550

if this Ad breaks the Rules of Advertisement or Safe trade

Our website uses Cookies. By clicking "I Agree"or by keeping the use of the website, you agree to use the cookies. If you don't agree, you can change your bowser's search settings.

More information